ВИДЕО – Живеат од питање и донации, нема пари да си го види болниот син, живот под секое човечко достоинство


Живеат од питање, јадат тогаш кога некој ќе им донесе нешто, а хигиената најчесто ја одржуваат само со вода бидејќи немаат пари за хемиски средства. До пред извесен период се топлеле на стара греалка и на пареа од топла вода. Сега хумани граѓани им донирале мало ѓумбе и 3 кубни метри дрва. Животот во станот е под секое човечко достоинство. Ова е тажната животна приказна на Цене Маџуни, нејзиниот 13 годишен син, за кого вели дека има проблеми со срцето и нејзината неподвижна мајка.

Пензија зема 12.000 денари мајка ми, беспомошна, извршители запираат за станот, запираат за струја и остануваат уште 2.000 денари. Со тие 2.000 денари јас прво и прво не можам за неа да купам лекови, а не да јадам. Принудена сум да одам во грчка црква и да питачам. Почна народов да ми помага и сум многу благодарна, почнаа на детето да му овозможуваат компјутер една женичка, други кој што има, креветчиња, храна ќе донесат“, вели Цене Маџуни.

 

Еден ден ќе јадеш, другиот ден нема, ќе се напиеме вода и под јорган ќе лежиме. Вака само со лежење сум откако сум во нозете фатена, не можам да одам“, рече Драгица Чортаноска, мајка на Маџуни.

Маџуни вели дека има уште еден син во Хрватска кој добил крварење во главата и сега бил сместен таму во некоја болница, но не може да отиде да го посети бидејќи нема пари.

Немам јас, од каде пари, не можам ни да си го видам, не можам ни да го посетам, не можам ни да платам. Кога беше подобар имав контакт, сега не. Сега врзан е на боци и други работи, кога ќе го ослободат малку тој не може да прави муабет“, додаде Маџуни.

Социјална помош не добива бидејќи и по 13 години разделен живот таа не е официјално разведена од сопругот, кој не и дава развод, а кој пак има одредени примања, исто тука пречка е и нејзината мајка која зема пензија. Помеѓу големиот број граѓани кои им помагаат е и здружението „Избрани од Бога“ кое им донираше храна и хемиски средства.

Да ги повикаме надлежните со социјалните центри, големите фирми за мала помош на детето. Условите во станот како што забележавте се катастрофални, не се човечки условите“, истакна Горан Камчески, претседател на здружение „Избрани од Бога“.

Од Центарот за социјални работи велат дека го разгледуваат целиот случај и бараат солуција како може да се помогне. Доколку пак некој сака да донира пари за семејството Маџуни може да ги исконтакрира на тел. 078-531-885 или да донита на ж-ска во Комерцијална банка – 300027030673525, Драгица Чортаноска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи