СОУ „Ѓорче Петров“ единствено училиште од Македонија учесник на младинските дебати во Брисел – „Your Europe, Your Say 2023!“


На 23 и 24 март 2023 година во Брисел СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп ќе биде дел од 14 по ред „Your Europe, Your Say 2023!“ во организација на Европскиот економски и социјален комитет (EESC).

„Чест и гордост за целото училиште е што сме избрани како единствено училиште од државава да бидеме заедно со училишта од 35 држави учеснички ( 27 училишта од земји членки на ЕУ, 7 училишта од земји кандидати за ЕУ и едно од европските училишта со седиште во Брисел). На дводневните дебати, работилници и интерактивни активности околу актуелно прашање од интерес за младите ќе учествуваат тројца ученици и еден професор“, велат од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Овој настан настан ќе биде посветен на Младинските демократски дијалози. Целта е да се подигне свеста за демократските вредности, истовремено поттикнувајќи го критичкото размислување и младинското учество. Настанот има за цел да им помогне на младите да разберат што стојат Европските вредности и што значи активно граѓанство во партиципативна демократија.

Имајќи предвид дека 14-тиот настан ЅЕЅС ќе се одржи по годината полна со вознемиреност, во која доминира војната на Русија против Украина, заканите за мирните режими и непредвидливите општествени и економски предизвици кои водат до системски промени, тој ќе се фокусира на тоа како да се поттикне зајакнувањето на младите и активно граѓанство во партиципативна демократија“, додаваат од СОУ Ѓорче Петров“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи