ВИДЕО – Тутунарите: Доколку не се зголеми цената на тутунот нема да има зголемување на производството

Play Video

Тутунарите скоро и да не паметат целиот род на тутунот да биде откупен до Нова Година, велат дека останати биле уште можеби 50-тина тони груба проценка. Според земјоделскиот инспекторат откупени до сега биле 20.800 тони, со просечна цена од 288 денари, што досега била највисока откупна цена. Откупувачите бараа околу 26.000 тони, но годинава имаше помалку род. Тутунарите велат дека доколку не се зголеми цената на тутунот, производството и понатаму ќе опаѓало.

Оваа цена не е којзнае колкава во споредба со нашите трошоци и нашиот животен стандард. Значи доколку компаниите сакаат и наредната година тутунопроизводството да се одржува и да дојде до мало покачување во килограмите, младите тешко се нафаќаат на оваа цена да садат тутун, затоа ги повикуваме компаниите да ги коригираат цените, да се направат добри цени и в година да се стартува со добри цени, со реална проценка за да не биде никој оштетен со проценката“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Тутунарите бараат зголемување на цените по класи толку колку што ќе се зголеми инфлацијата. Моментално производната цена на тутунот била над 200 денари.

Младата популација е замината надвор, старосната граница знаете до каде, сите што работат тутун моментално, скоро сите се пензионери. Ги повикуваме компаниите да соберат храброст, да седнеме на заедничка маса, да ги коригираме цените и да ајде ќе цените на класи, но да се коригираат цените, да се даде трета класа доволно колку што треба, втора и прва“, рече Злате Даноски, претседател на Здружение „Мице Козар“ – Прилеп.

Дали тутунопроизводството ќе продолжи да се намалува во Македонија, со тенденција еден ден комплетно да исчезне од нивите или ќе се врати во некоја нормала со зголемување на површините ќе зависи од најмногу од желбите на откупувачите и откупната цена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи