Ќе се реконструира патот од бензинската на Макпетрол до Мечкин Камен, а ќе се гради и нов паркинг

Play Video

Ќе се рехабилитира патниот правец од м.в. Порта или од бензинската пумпа на Макпетрол до споменикот на Мечкин Камен во должина од 2,3 км., а во состав на овој проект ќе се гради и паркинг во близина на споменикот со површина од 1.616 м2. Се очекува реконструкцијата на овој патен правец да заврши некаде до крајот на мај или максимум почетокот на месец јуни, односно пред започнувањето на сезоната за летање на параглајдери и змаеви. Ова е прва реконструкција на овој пат откако истиот е изграден.

„За оваа цел се потпиша договор помеѓу Општина Крушево и Министерство за транспорт и врски во износ од 20.700.000 денари. Патната инфраструктура е битна компонента за град како Крушево, град кој е насочен кон развој на туризмот и подобрување на условите за живеење на моите сограѓани. Со асфалтирање и реконструкција на овој пат ќе добиеме комплетно функционална целина и најдобри услови за одржување на Светското првенство за змајарство и уште 9 други државни првенства во параглајдерство што ќе се случат оваа година. Изградбата на пристапна локација значи поголема безбедност и непречено организирање на натпреварите кои следуваат“, вели градоначалникот Томе Христоски.

Претходно кај стартот за параглајдери на Мечкин Камен се изградии уштте еден комплетнмо нов асфалтиран паркинг, кој се простира на површина од над 2.000 м2, а истиот се изгради преку проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“. На овој паркинг има обележано посебно места за автомобили, мини буси, автобуси, мотоцикли и велосипеди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи