Владиката Петар: Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир

Play Video

Владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски,  во интервју за ТВ Сонце изјави дека постои парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со еписокопот Партениј која ѝ задава голем проблем на МПЦ и мора час поскоро да се постави на дневен ред пред Синодот и да се реши.

„Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манстир на чело со епископот Партениј, кој презема ингеренции мои како претседател на одделот за соработка на православните црвки и секако дека ова прашање мораме час поскоро да го ставиме на дневен ред во Синодот, затоа што јас имам слобода да му кажам на нашиот архиепископот Тимотеј и други свештени лица, да пренесам дека ние нема да дозволиме да имаме парацрковна органзција на чело со Партениј заедно со структурата негова во Бигорски и со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија, им порачувам да се тргнат и повеќе да не прават проблеми затоа што ситуацијата е сериозна“, изјави Владиката Петар.

Како што кажа Владиката, ова е веќе сериозен проблем на нашата црква, бидејќи ние моментално го решаваме проблемот со ПОА, а сега ова со парацрковната структура е поголем проблем и поради националноста, но и поради нивната духовна ориентација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи