Наскоро укинување на роамингот со земјите од ЕУ

Facebook
Twitter
Email
Print
Play Video

Роамингот за Западен Балкан (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија…) со земјите од ЕУ наскоро ќе биде укинат, со што телекомуникациските услуги во странство би можеле да ги плаќаме по исти цени како кај нас.

Хрватскиот парламентарец Бојан Главашевиќ вели дека овој договор е многу блиску до реализација.

„Во Собранието се одржа Комисијата за европски прашања на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. На прашањето кога треба да се спроведе, односно да стапи на сила, таа рече – годинава“, изјави Главашевиќ за хрватските медиуми, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои веќе подолго време.

Целта на овој договор е замјите кандидати за членки во ЕУ, откако ќе исполнат одредени критериуми, да можат да уживаат дел од бенефитите на ЕУ, иако се уште не се официјално членки на истата.

„Тоа е добра порака до тие земји, поттик за понатамошни реформи, по што ќе следат дополнителни придобивки“, оцени Главашевиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи