ВИДЕО – Ангелески: Да се обезбеди сигурност за работниците и со 2 плати да се живее тука за да нема иселување

Play Video

Вработувањето на определено време од 5 години е најлошата можна опција која создава комплетна несигурност кај работниците и таа е една од причините луѓето да се иселуваат од Македонија. Со новиот закон за работни односи тоа мора драстично да се намали, затоа што се злоупотребува од страна на работодавачите, сметаат експетите и познавачите на работничките права.

„Сега нема вработување на неопределено време, туку само на определено и за жал вработување на определено време на само еден месец. Што е навистина смешно. Секој месец работодавачите си дозволуваат илјадници работници да ги пријавуваат или одјавуваат. Со тоа се намалува сигурноста на работниците. Еве во една компанија во Прилеп пред Нова Година беа испуштени голем број вработени бидејќи му завршил договор, тие не знаат, доаѓаатт последниот ден на 31-ви на работа и му велат дека не работат повеќе. Ова е една од причините што младите се иселуваат“, истакна Лазе Ангелески, синдикален експерт.

Проблем било и вработувањето преку Агенции за привремени вработување каде работниците немале никакви права.

„Дел и во јавните претптијатија и во приватните и во државните се вработуваат преку овие Агенции  работат одговорнии работни места по локалните самоурави, по Фондовите итн.. и во тој случај тие немаат никави права од работен однос бидејќи во една фирма се вработуваат, а во сосема друга работат“, додаде Ангелески.

Според Ангелески секоја фирма која има над 15 вработени треба да има и колективен договор, за да се заштитат правата на работниците.

„Ако општеството сака младите да му останат во Македонија, да работат тука, треба да му дадат една основна правна и социјална сигурност, за да можат со 2 работнички плати да опстанат тука и да не мора да оставаат тука и фамилија и куќи и имоти и да бегаат во странство за да заработат“, кажа Ангелески.

 И додека на Запад компаниите им даваат дури и мал дел акции на вработените само за да ги задржат кај нас некои фирми не дозволуваат ниту синдикат во 21 век.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи