Прилепската болница вклучена во INTERCOVID студијата на Универзитетот во Оксфорд

Play Video

На 17 јануари оваа година во највлијателното медицинско списание во светот „The Lancet“,  глобалната мрежа предводена од институтот за мајчино и перинатално здравје на универзитетот во Оксфорд ги објави резултатите од студијата INTERCOVID 2022 спроведена во 41 болница во 18 држави.

Прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, педијатар во Општа болница со проширена дејност Прилеп е еден од членовите на оваа глобална мрежа и коавтор на трудот објавен во „The Lancet“, списение со највисок импакт фактор од 202,7. Д-р Тавчиоска соработува со институтот за мајчино и перинатално здравје на универзитетот во Оксфорд од 2018 година и како резултат на таа соработка универзитетот во Оксфорд прилепскатата болница ја стави на листата на свои соработници и и донираше два инфантометри и траки за мерење обем на глава.

За да го проценат влијанието на омикрон  варијантата на COVID-19 врз исходот на мајката и новороденчето, истражувачите проучувале 1.545 бремени жени со дијагноза за варијантата и 3.073 недијагностицирани, истовремено бремени жени како контроли. Студијата била спроведена помеѓу 27 ноември 2021 година и 30 јуни 2022 година, во периодот кога беше присутна омикрон варијанттата на вирусот.

Омикрон варијантата на COVID-19 за време на бременоста беше поврзана со зголемен ризик од морбидитет кај мајката, тешки компликации на бременоста и прием во болница, особено кај симптоматски и невакцинирани жени. Обезните жени и жените со прекумерна телесна тежина со тешки симптоми беа изложени на најголем ризик за тешки компликации.

Според Хозе Вилар, професор по перинатална медицина на универзитетот во Оксфорд, еден од водачите на студијата INTERCOVID 2022, таа обезбедува цврсти информации засновани на докази за зголемениот ризик предизвикан од омикрон варијантата за тешки компликации кај симптоматски и невакцинирани бремени жени.  Студијата јасно укажува на потребата од целосна вакцинација за време на бременоста, по можност со бустер, за да се обезбеди заштита најмалку 10 месеци по последната доза. Професор Вилар препорачува антенаталните служби ширум светот да се стремат да ја вклучат вакцинацијата против COVID-19 во рутинската грижа за бремените жени.

Оваа студија е светол пример за тоа како добро координирано, мултинационално, заедничко истражување може, за многу кратко време, да обезбеди цврсти докази за подобрување на здравјето на мајките и бебињата ширум светот. Наодите од оваа студија и претходните INTERCOVID студии придонесоа за промени во клиничката пракса и политиката на јавното здравје со препорака за вакцинација на сите бремени жени.

Претходните 4 публикаци на проектот INTERCOVID се објавени во 2021 и 2022 година во престижните медицински списанија JAMA Pediatrics и The American Journal of Obstetrics and Gynecology.

Линк до целосниот труд :

https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(22)02467-9/fulltext

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи