ВИДЕО – Одбележан 42 роденден на Тоше со настанот „Ангел си ти“, промоција на маички со негови мотиви и крводарителска акција


Со музичко-сценски настан „Ангел си ти“ во изведба на Андријана Јаневска и Бојан Стојков, a со музичка придружба на Џез Сценарио од Битола денеска во Крушево беше одбележан 42 роденден на Тоше Проески. На неговото вечно почивалиште беше положено цвеќе, а тука беа и фановите од балканските држави кои рекоа дека личности како Тоше живеат вечно.

„Секоја година доаѓаме тука така ја исполнуваме душата, тоа е потреба која не води и влечи тука. Никогаш не ни е тешко и ова нас ние втор дом, втора држава“, рече Стела Прислав Вуис, фан на Тоше од Хрватска.

Во Спомен домот беа изложени слики од уметницата Марија Бојкоска, а се промовираа и делата од 26-та керамичка колонија во Велес чија тема годинава беше Тоше и 42 те маички за 42 риот роденден на Тоше штампани со победничкиот мотив изработен од Атанас Ташкоски од Крушево.

Одма нешто ме натера да нацртам нешто со сина боја, нешто што ме инспирираше, т.е. што ме асоцираше на Тоше, бидејќи отсекогаш тој бил голем хуманитарец и јас мислам дека некои бои го опишуваат малку повеќе од останатите“, изјави Атанас Ташкоски, изработувач на победничкиот мотив за маичките.

 

Оваа и минатата година е од меѓународен карактер, имавме учесници од 31 училиште. Темата оваа година ни беше „Со љубов за Тоше“, се изработија керамички чинии на кои се цртаа мотиви со љубов за Тоше“, кажа Дијана Поп Анов, дефектолог во ООУ со ресурсерн центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ од Велес.

Тука беше и Наташа Кондрашова од Русија, која како фан на Тоше доаѓала секоја година во Крушево, а од пред 3 години тука оформила и семејство.

Да, доаѓав за Тоше, прв пат бев тука во 2012 година и секоја година почнав да доаѓам од Северна Русија за Крушево. Пред 3 години го најдов тука и сопругот“, вели Наташа Кондрашова, фан на Тоше.

За прв пат оваa година турнирот во мал фудбал Тоше Проески од Скопје се сели во Крушево.

 Од оваа година, поточно на 26, 27 и 28 мај по 13 пат го организираме меѓународниот турнирот во мал фудбал „Тоше Проевски“, главен покровител ќе биде Општина Крушево, а ние сме организатори на турнирот на кој учествуваат 6 екипи и од Општина Нова Градишка, каде покојниот Тоше почина“, истакна Мите Митев, претседател на здружение бизнисмени Власи од Македонија – МАНДРА.

Спомен домот пак продолжува да биде верен чувар на неговото лик и дело.

По него веќе не е ништо исто, меѓутоа ние сакаме да ги одбележиме убавите моменти, неговата музика да остане вечно во сеќавањето на тие што ја доживеавме во негово време и на младите кои доаѓаат и се надевам дека ќе се пронајдат во секој збор од неговите песни“, вели Лефкија Гажоска, директор на Спомен дом Тодор Проески.

Традиционално на неговиот гроб семејството на Тоше за сите присутни на овој ден делеше торта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи