ВИДЕО – Проданоски: Донесени финансиските планови за 2023 за училиштата, библиотеката и Водовод


Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 21 седница или првата седница за оваа 2023 година на која што беа поместени 28 точки. Помеѓу поважните точки беа донесување на финансиските планови за 2023 година на сите основни и средни училишта, како и финансиските планови и планот за реинвестициони вложувања на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и на ЈКП „Водовод и канализација“, кои ќе се однесуваат за нивната работа.

 

Исто така на дневен ред на оваа седница беше и извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп за 2022 година, кој што јас како претседател би можел да дадам една вака кратка ретроспектива за се она што Советот во 2022 го сработи и беше поместено во извештајот кој советниците го изгласаа едногласно. Во 2022 година Советот донесе повеќе популарни одлуки кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани и би почнал прво со програмата и правилникот за доделување на еднократна парична помош за секое новороденче родено на територија на општина Прилеп. Исто така таа одлука ја донесовме да важи и за 2023 година, 6.000 денари за секое семејство кои ќе добие принова во 2023 година. Постапката е многу едноставна и ги охрабрувам сите да ги искористат овие средства кои се поместени во буџетот за 2023 година.

Понатаму во 2022 година едно јавно претпријатие после постоење од скоро 20 години доби сопствен дом, тоа е Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање. Објектот кој беше во сопственост на Општина Прилеп беше даден на трајно користење на ова јавно претпријатие за конечно и тоа да има сопствен простор каде ќе функционира нормално и непречено.

Беа донесени оние стандардни одлуки за програмата за доделување на финансиска поддршка на невладини организации и спортски клубови. Понатаму преку комисијата за елементарни непогоди гледавме да помогнеме на секое едно семејство кое има некоја незгода која настанала кај нив и ред други програми кои ги има во буџетот. Знаете дека како Совет влеговме во еден проект за поддршка односно зајакнување на капацитетите на советите во фаза 2 на УНДП, во која очекуваме конечно во овој период нашата сала за одржување на состаноци и седници на Советот на Општина Прилеп да биде опремена со нова техника и технологија која ќе даде дополнителен квалитет на седниците, бидејќи преносот оди во живо веќе една година, ете и тоа би го спомнал во оваа ретроспектива за тоа што се‘ сработил Советот во 2022 година.

Пред самиот крај на годината, односно во ноември донесовме одлука за пошумување и со тоа исполнивме уште едно ветување кон граѓаните и како Совет се заложивме за една добра и почиста животна средина во каква што треба да живеат нашите сограѓани. Тоа би било вака генерално за точките по кои денеска одлучувавме и расправавме како Совет на Општина Прилеп.

Заради извршување на професионални задачи во МВР, еден од советниците од коалицијата на СДСМ си даде оставка, беше верификувана таа оставка без расправа и на негово место од кандидадската листа на советници на СДСМ и коалицијата во редовите на Советот пристапи нов член, таа е госпоѓата Мирјана Крстеска“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи