На 28.01.2023 сабота во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година. Семинарот беше во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клуб Пелистер Битола.
На овој семинар присуството зедоа претставници на 15 клубови членки на ЏФМ со околу 50 спортски работници ( тренери и судии).
Имено Џудо клубот Сеишин- Прилеп беше најмасовен на овој семинар со 12 свои стручни кадри а ЏК Санкаку и ЏК Прилеп од Прилеп учествуваа со по 2 стручни кадри или вкупно 16 стручни лица од овие 3 Прилепски џудо клубови.
По завршувањето на семинарот сите присутни се здобија со сертификати и лецинци за работа за 2023 година.
111