МТФ „Војдан Чернодрински“ објавува повик за комисија за избор на необјавен македонски драмски текст


Врз основа на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, објавен од страна на Министерството за култура, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распишува повик за комисија која ќе ги избере текстовите. Комисијата за избор треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.

Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата contact@mtf.com.mk до 15.2.2023 г.

За дополнителни информации може да се обратите на истата електронска адреса.

Ви споделуваме линк од објавениот конкурс на Министерството за култура.

https://kultura.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%82%d0%ba%d1%83%d0%bf-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%b8-%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи