Денеска (2 февруари) околу 08 часот и 30 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу два километри до Стража, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња):„ивеко“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Р.Б. од Прилеп, „фиат“ со скопски ознаки што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц.М. и „пежо“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот скопјанец И.А.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на „пежото“ И.А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Поради сообраќајната незгода од 9 до 10 часот беше во прекин сообраќајот во двете насоки.