СДСМ: Прилеп се задолжува со 5 милиони евра

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини. Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра, стои во соопштението од СДСМ.

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, кои задолжуваат богати и финансиски стабилни општини, за да ги трошат парите на партиски вработувања и непродуктивни трошоци. Граѓаните им дадода доверба да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а добиваат поскапи комунални услуги и долгови коишто ќе ги отпалаќаат со години. ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега“, се вели во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи