Во март во Прилеп ќе се одржи планинскиот маратон „Krali Marko Trails“, со двете планински трки Камена Баба Треил 30K и Трескавец Треил 15K.
Камена Баба Треил е со должина од 34,3 km, искачување: 1,730 m D+, спуштање: 1,730 m D-, временски лимит: 8 h и 2 освежителни станици. Стартот е во 9 часот во амфитеатарот во Варош, трката носи 2 ИТРА поени. Цена за пријавување е 1,800 денари, а пријавите се затвораат на 26.02.2023.
Трескавец Треил е со должина: 16,7 km, искачување: 810 m D+, спуштање: 810 m D-, временски лимит: 5 h и 1 освежителна станица. Цена за пријавување е 1,200 денари, а пријавите се затвораат на 26.02.2023. Стартот е во 11 часот во амфитеатарот во Варош.
Пријавувањето е на www.kmt.mk
83