Во март во Прилеп ќе се одржат планинските трки Камена Баба Треил и Трескавец Треил


Во март во Прилеп  ќе се одржи планинскиот маратон „Krali Marko Trails“, со двете планински трки Камена Баба Треил 30K и Трескавец Треил 15K.

Камена Баба Треил е со должина од 34,3 km, искачување: 1,730 m D+, спуштање: 1,730 m D-, временски лимит: 8 h и 2 освежителни станици. Стартот е во 9 часот во амфитеатарот во Варош, трката носи 2 ИТРА поени. Цена за пријавување е 1,800 денари, а пријавите се затвораат на 26.02.2023.

Трескавец Треил е со должина: 16,7 km, искачување: 810 m D+, спуштање: 810 m D-, временски лимит: 5 h и 1 освежителна станица. Цена за пријавување е 1,200 денари, а пријавите се затвораат на 26.02.2023. Стартот е во 11 часот во амфитеатарот во Варош.

Пријавувањето е на www.kmt.mk

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи