ВИДЕО – Поради недостигот на судии во Прилеп третина од кривичните предмети се пред застарување, а дел се и застарени


Поради алармантниот недостиг на судии во Прилеп околу една третина од кривичните предмети наследени од претходните година се пред застарување или се веќе застарени. Ова е ставот на дел од адвокатите кои се жалат дека во моментов во Основен суд Прилеп има само 6 судии. Годишно во Прилеп имало од 20 до 22.000 предмети, во кои влегувале и од 3.000 до 5.000 нерешении предмети, наследени од претходната година. Со овој број на судии ваквиот обем на работа бил скоро неизводлив. Тоа се одразувало и врз годишната оценка на работата на самите судии од страна на Судскиот совет, но најмногу штета имаат граѓаните.

„Структурата на предметите кои се останати е таква да половина од тиие предмети, од 7.000 до 8.000 се кривични предмети, 7.000 до 8.000 се граѓански предмети, да не ги набројувам нерешените предмети наследени од претходната година. Навистина е елармантна ситуацијата и поради фактот што со овој обем на работа, сега на судиите кои работеа на граѓанска материја им се доделени и кривични предмети и тие нема да бидат во можност квалитетно и навремено да ја извршуваат својата работа. Недостигот од кадар штетно ќе се одрази и врз граѓаните и странките“, вели Жарко Стеваноски, претседател на адвокатска заедница во Прилеп.

И до овие 6 судии за неколку месеци двајца ќе заминат пензија што значи дека прилепскиот суд ќе остане само со 4 судии. Судењата се одложуваат и по 5 месеци. Најбројни се имотните спорови во граѓанската материја, како остависките предмети, а во кривичната материја прекршоците.

Најголемо застарување и ризик има кај кривичните предмети. Сега се делегира една судијка од Ресен и таа ги презеде кривичните предмети, но сметајте дека и требаат време, припреми, да ги проучи, да закаже рокови, што значи со еден збор дека состојбата не е баш добра. Исто така дел од кривичните предмети се распределени кај преостанатите судии. Можам да кажам дека тоа се судии од граѓански оддел и сега му дојдоа комбинирано и сето тоа ќе доведи до оддолжено и споро решавање, особено во кривична постапка“, истакна Живко Јакимоски, адвокат.

Проблем има и кај Јавното обвинителство кое од 9 јавни обвинители сега остана само со двајца, кои се доведени во крајно незавидна положба. Во оваа катастрофална ситуација се поставува прашањето дали воопшто некој ќе понесе одговорност за застарувањето на делата и за неодговорното водење на кадровската политика и ненавременото назначување на судии и обвинители во прилепскиот суд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи