ВИДЕО – Продолжува руинирањето на училиштето во Сточен пазар, објект вреден над 10 милиони денари


Објектот вреден околу 10 милиони денари изграден во населбата Сточен пазар во Прилеп уште во 2017 година, кој требаше да прерасне во основно училиште за деца до 5 одделение, е комплетно уништен. Овој објект веќе 6 година по ред е оставен на милост и немилост на крадците. Таму е украдено се што можело да се укради, вратите, прозорците, дел од електричната инсталација, елементите во тоалетите, укарден и дури и гумиранииот под во училниците, а украдении се и јолуците. Тоа што е останато е комплетно искршено, а веќе започнала да паѓа и фасадата. Претходната локална самоуправа не го отвори училиштето бидејќи тоа според нив било изградено на несоодветна локација.

Онде е изграден во средина на нива, ливада, каде нема ниту пристапен пат, ниту електрична енергија, ниту вода и одвод, апсолутно ништо нема. Во меѓувреме добивме и тужбено барање дека наводно било изградено на приватно земјиште, имаме сега и тужбено барање, во тек е судската постапка каде ќе се види дали е на приватно или на државно земјиште“, истакна на 11.05.2020 тогашниот градоначалник, Илија Јованоски.

Но еве и по повеќе од една година од смената на локалната самоуправа објектот и понатаму се уништува и понатаму никој не го чува и не се грижи за имотот изграден со народни пари. Жителите на населбата се поделни околу тоа дали објектот треба или не да биде училиште, но сите го осудуваат тоа дека е оставен без никој да се грижи за него.

„Оваа населба да нема ниту училиште со толку деца, ниту градинка, да нема ништо. Па барем за пензионерите да го отвореа објектот ако не за друго. Дали е убаво направено нешто да се растури, тоа е жалосно. Сите бараат објекти, нешто што било направено, да го искористат, а она ново да се запусти. Треба да одговара тој што го остави до оној степен. Стражар да поставеа, да измислеа нешто да го оттвореа, а не да го испустат онака“, рече Марија Петреска, жител на населбата Сточен Пазар.

 

„Училиштето досега требаше да биде направено, без разлика кој градоначалник е или која партија била на власт. Не дека овие или оние. Ене и сами може да видите дека училиштето се распаѓа“, изјави Зоран Здравески, жител на населбата Сточен Пазар.

 

„Ако требаше вака тие требаше да мислат порано за што го правеа. Но тоа сега нема газда да го поправи или одржува. Тоа е направено и е оставено само на себе. И сега што прравиме ни ние го користиме, ниту го користи некој“, вели Благоја Крстески, жител на населбата Сточен Пазар.

 

„Зграда изградена нова ти да ја рушиш, тоа е чудо. Има Општината зошто тој објект може да служи ако не за училиште. Има е друго маало од другата страна на реката“, кажа Коле Мицески, жител на населбата Сточен Пазар.

 За овој објект Јавното обвинителство во Прилеп еднаш ја отфрли кривичната пријава, но по препорака на Вишото јавно обвинителство предметот беше вратен на повторно разгледување.

Од Општина Прилеп велат дека правеле проценка за тоа колкава е штетата на овој објект, колку ќе треба за негово доопремување, се испитувало дали се уште има можни имотно правно проблеми околу сопственоста на земјиштето, а за брзо време ќе излегле со став кога и како ќе почне обновата на објектот. Остануваат на ставот дека тој е добар за училиште за деца до 5 одделение, затоа што сега децата од населбите Сточен Пазар и Жабино маало патувале со автобус и по неколку километри за да стигнат на училиште.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи