ВИДЕО – Општина Прилеп одвои 450.000 денари за настраданите во Турција и Сирија


Денеска, по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовечски се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која беше  донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп,  во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сириска Арапска Република (Сирија).

 

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски при оваа прилика повторно го изразија своето сочуство до настраданите во земјотресот и упатија искрено жалење за загинатите во оваа голема природна катастрофа што се случи во Турција и Сирија.

Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот, каде граѓаните на Прилеп донираа и донациите преку отворените телефонски линии, Општина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи