Над 200 трговци ќе учествуваат на првиот „Prilep Outlet Weekend“

Во организација на Општина Прилеп и прилепската чаршија, се подготвува првиот и најголем, „OUTLET Weekend“ во Прилеп кој ќе се одржи на 17ти и 18ти февруари.

Во него се вклучија над 200 трговци кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Големиот интерес за купување на  купувачите  од регионот: Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко од Македонија, на првиот „Prilep OUTLET Weekend“ им нуди шопинг забава и евтино купување на брендови.  Попусти, велат прилепските трговци, ќе има до 70% на секој чош!

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии,  а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од регионот и Македонија, од 08:00 до 19:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени, а „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и  кафулињата, кое ќе преставува посебно уживање за сите оние кои на 17ти и 18ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира за прв пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.

Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17ти и 18ти ќе го посетат Прилеп, а сите случувања од настанот  ќе бидат објавувани  на специјално креираната фејсбук фан страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи