ВИДЕО – Полетувалиштето кај Мечкин Камен доби нов паркинг, а ќе се реконструира и патот до него и до Мечкин Камен


Се изврши технички преглед и прием на новиот паркинг кој се изгради кај полетувалиштето за параглајдери во близина на Мечкин Камен во Крушево. Овој паркинг со капацитет за 50-тина возила, мини буси и автобуси ќе помогне во збогатување на содржините за параглајдеристите кои тука доѓаат од целиот свет. Годинава ќе се реконструира за прв пат и патниот правец од месноста порта до Мечкин Камен кој поминува покрај полетувалиштето, а ќе се гради и уште нов паркинг. Овие активности помогнат за развојот на туризот. Оваа година тука ќе се случи Светско првенсство во змејарство и уште 7 други државни првенства во параглајдинг.

„Во претходниот период изградивме контролна кула, уредување  на самото полетувалиште, за параглајдеристи и змајари. Уредување во поглед на урбана опрема, стојалишта, повеќе паркинг простор и уште еден паркинг простор наспроти контролнатат кула, од 1.600 м2, при што добиваме една функционална целина за самата конкуренција и спортски и спомен комплекс Мечкин Камен“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 Крушево наголемо го развива овој алтернативен туризам. Спортистите кои доаѓаат тука од скоро сите држави се главниот двигател на економијата на овој град. Следејќи го успешниот рецепт на параглјадерите, Крушево започна да развива голем број други екстремни спортови. Годинава очекува 15.000 туристи за сите настани.

„Тука имаме и нова содржина која ја воведуваме од оваа година, таа е даун хил патеките, односно планинскиот велосипедизам, „Крушево низ корија“ е тука, повеќе настани, музички, спортски, тука е „10 Дена Крушевска Република“ што значи ова година Крушево ќе биде центар на внимание. Тука ќе биде најголемиот извиднички камп со 2.500 извидници, имаме офф роад тури со мотори и џипови,  меморијалниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“, кој од Скопје го донесовме сега тука во Крушево“, додаде Христоски.

За празниците и периодот околу нив во Крушево имало 20% повеќе туристи за разлика од лани, а се очекува во наредниот период таа бројка да се зголеми за 30%.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи