ВИДЕО – Се уште нема резултати од инспекцискиот надзор во прилепската болница, ниту од обдукцијата на починатата


Се уште нема резултати од вонредниот инспекциски надзор направен на 17-ти овој месец во прилепската болница од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој што се случил по пријава на Центарот за јавно здравје од Прилеп за појава на интрахоспитална инфекција, откако почина 52 годишна прилепчанка која таму правела киретажа, а наредниот ден по јавување на компликации е препратена на Клиниките во Скопје каде починува. Директорката на ДСЗИ Рената Младеновска рече дека биле земени примероци и брисеви од здравствениот персонал и нежива средина, но повика да не се шпекулира со ништо се до добивањето на точните резултати. Се уште нема резултати ниту од обдукцијата на починатата.

„Се додека не добиеме резултати не смееме да шпекулираме што е причината за смртта на пациентката од Прилеп. Апелирам да се причекаат резултатите и од обдукцијата на жената, така што се надевам дека наскоро ќе имаме информација“, истакна Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Од прилепската болница денеска преку соопштение истакнаа дека пријавени биле два случаи кај кои може да се каже дека спаѓале во интрахоспитални инфекции. Првиот случај бил вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван бил пуштен дома. И вториот случај е со починатата 52 годишна прилепчанка кај која е утврдена бактеријата стафилокока. Други случаи за пријава на интрахоспитална инфекција немало, а хигиената и дезинфекцијата во болницата била на максимално ниво.

Донесената одлука да се одложат операциите заради превенција, беше одлука на Комисијата а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа истите. Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот“, велат од Општата болница во Прилеп.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска пак прашаа зошто забраната за работа на операционите била доцна спроведена.

„Нашите сознанија говорат дека псимо од Комисијата за интрахоспитални инфекциои било испратено до директорката на 15.02.2023, а истото било распределено до одделенијата дури на 21.03.2023 година, прашање е зошто се чекало толку долго“, рече Стефани Стојаноска, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Вчера пак ОЈО Прилеп отвори предмет, по допрен глас, да се истражи смртта на 3 лица кои во последните 10-тина денови се лечеле во прилепската болница, освен смртта на 52 годишната прилепчанка се истражува и смртта и на двајца мажи на возраст од околу 30-тина години. Во моментов биле во фаза на прибирање на потребната документација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи