Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) е младинска чадор организција основана во 1953 година. Како организација со 70 годишна традиција, преку промовирање на мир, животни вештини и вредности, согласно актуелните трендови континуирано спроведува неформална едукација за младите градејќи конструктивни индивидуи, кои активно придонесуваат за општествениот развој.
Денес СИМ функционира на речиси целата територија на Македонија и претставува најголема младинска чадор организација на 23 активни извиднички одреди во државата. Во моментов во организациите членки на СИМ, извидничка програма следат активно повеќе од 2500 деца и млади. Тие 23 извиднички (поречански / езерски) одреди, согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на карактерот.
Во процесот во постигнување на целите, СИМ, како членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеке од 180 држави и територи низ светот, ги претставува интересите на светското извидничко движење без оглед на социо-економска позиција, пол, раса, етникум и културна позадина, политички-религиозни убедувања, сексуална ориентација или било каква форма на поделба.
2023 година претставува јубилејна година за СИМ, односно означува 70 години постоење на извидничко движење во Македонија. За таа цел, репертоарот на иницијативи, акции и програми продолжува во проширен состав и продолжува да гради подобар свет кадешто луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
Сојузот на извидници на Македонија традиционално секоја година го прославува месец февруари, месец во кој е роден основачот на извидништвото – Лорд Роберт Баден Пауел. По повод неговиот роденден, СИМ и извидничките одреди членки спроведуваат кампања „Направи добро дело“, преку која ги идентификуваат потребите на својата локална заедница и придонесуваат за нејзино подобрување. Дополнително се организираат и крводарителски акции ширум целата држава, како и еколошки акции за заштита на животната средина.
Клучен настан за македонските извидници овој месец ќе биде централната прослава во град Прилеп, каде што на 25.02. на едно место извидниците од цела држава ќе се соберат да го слават извидништвото и неговиот основач, како и да придонесат кон создавање подобар свет, преку низа на активности.
Цел на СИМ, 70 години подоцна, сеуште е да придонесе во развојот на младите луѓе, во достигнување на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како активни членови на нивните локални и национални заедници, како и во меѓународната заедница.