ВИДЕО – Над 500 учесници на 21-от Карневал „Прочка“ во Прилеп


Годинава по 21 пат во Прилеп се одржа Карневалот Прочка. Мечкари, Џоломари, мажуретки, многу традиционални и модерни маски беа дел од дефилето со над 500 учесници и 20-тина групни маски кое се одржа во центарот на Прилеп. Горан Ржаникоски заедно со своето друштво се преправа веќе 21 година. Секогаш одбираат традиционални маски кои ги прикажуваат на хумористичен начин.

Сега младите не знаат што е тоа велка, што е дрвена кула и затоа ние тие работи ги зачувуваме и потоа ги презентираме на карневалите. Имаме тука и со магарина како се садело тутун, како се носело вода, како се орало со волови“, вели Горан Ржаникоски, Здружение „Прочкари“.

Гости имаше и од други градови на Македонија.

Ние доаѓаме од Охрид, поточно од селото Куратица. Нашата маска преставува „Доаѓањето на Тито во нашето село“, гостин од с. Куратица, Охрид.

 

Ние сме од Кавадарци, село Сопот. Нашата маска преставува Џаламари, истерување на злите духови. Традиционално сме тука секоја година на карневалот „Прочка“ во Прилеп, многу е убаво“, гостин од с. Сопот, Кавадарци.

Тука беше и најголемиот прилепски карневалски бренд „Мечкарите“, кои се претставници на касапскиот еснаф и од кои практично започнува и преправањето во Прилеп.

Како и секоја година се трудиме да биде добро, да ја одржиме и да биде се во ред“, вели еден член на „Мечкарите“

 

Тие сите имаат една цел, да ја одржат традицијата од овој наш простор, бидејќи Прилеп и прилепско изобилува со многу голема традиција“, додаде Ванчо Ѓорѓиев, претседател на здружение „Прилепски Мечкари“.

 Секако најрадосни беа најмладите.

Многу се радуваме за овој празник, многу го чекавме овој празник да ни стигни“, вели едно од маскираните дечиња.

 

Едноставно уживавме и со нетрпение го очекувавме овој ден кога сите ќе можеме да си ја изразиме нашата желба“, го дополнува неговиот другар.

Имаше гости и од Грција специјално дојдени за да присуствуваат на Карневалот.

Од Кожани сме. Во градот сме биле и претходно, но на Прочка не, прв пат. Кај нас за овој ден нема карневалк туку палиме оган и танцуваме во круг и многу пцуеме“, истакна Парис Адамитис, посетител од Грција.

Во духот на денешниот ден, беше побарано да си простиме едни на други, што е и суштината на празникот.

Да се проштева и да се бара прошка е голема човечка доблест. Така и на овој денешен ден“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Маските ги оценуваше стручно жири, составено од кореограф, етнолог и ликовен уметник, а најдобрите маски добија ваучери за патување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи