ВИДЕО – Се отвораат операционите сали во Прилеп, наодите се негативни, се уште нема резултати од обдукцијата


Негативни се 150-те наоди земени во операционите сали и одделенијата во прилепската општа болница, по смртта на 52 годишната прилепчанка која таму правела киретажа, а наредниот ден по јавување на компликации е препратена на Клиниките во Скопје каде починува. По овие негативни резултати за болничка инфекција, но со корекција на одредени состојби, добиени од Институтот за јавно здравје, Комисијата за интрахоспитални инфекции во Прилеп, донесе одлука со која се отвораат сите операциони сали од утре, со почитување на принципите на асепса, дезинфекција и стерилизација.

Претходно и од ДСЗИ, по направениот вонреден надзор истакна, преку соопштение рекоа дека било издадено решение со кое се задолжува болницата да врши бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик наместо квартално – секој месец, како и да се назначи од страна на директорот овластен лекар за координација на работата на комисијата, да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции, следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести.

Од ОЈО Прилеп истакнаа дека кај нив останува отворен предметот по допрен глас за сомнителната смрт на три лица кои се лечеле во прилепската болница. Потврдија и тоа дека се уште немале добиено никаква документација од болницата, а единствен документ кој го добиле било одредено известување од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Се уште немало резултати ниту од обдукцијата на починатата 52 годишна прилепчанка, кои треба да покажат од што точно починала таа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи