Крушево расте во меѓународни рамки, голем интерес на саемот во Белград

Изнедувачки голем интерес за штандот на Крушево и Елбасан на Саемот за туризам во Белград, Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Крушево станува се попривлечна дестинација, а заедно со угостителскиот сектор се овозможува поефикасна промоција на дестинацијата во меѓународни рамки.

Во рамки на Проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“ кој се имплементира во рамки на програмата за прекугранична соработка Северна Македонија и Албанија, Инструмент за пред пристапна поддршка (ИПА 2) – 2018 – 2020, општина Крушево го посети саемот за туризам на кој покрај Крушево како дестинација поединечно се претставија и дел од угостителските објекти кои покажаа интерес за учество. Штандот на проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“ овозможи претставување на двете дестинации.

„Го посетуваме саемот веќе неколку години по ред, а оваа година во рамки на проектот со општина Елбасан од Албанија. Интересот е особено зголемен оваа година и сметам дека целите на проектот се исполнуваат. На саемот покрај претставувањето на Крушево и неговите туристички потенцијали, посетителите на штандот се информираа за многубројните параглајдинг натпревари меѓу кое е и Светското првенство во змајарство, но и што нуди угостителскиот сектор.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во рамки на проектот општина Крушево изгради паркинг, постави мерни станици за квалитет на воздух, а дополнително ќе се оспособи „даунхил“ патека заедно со ЛЕД осветлување и поставување на урбана опрема на полетувалиштето за параглајдинг. Кај партнерот Елбасан се работи на изградба на полетувалиште за параглајдинг и туристички инфо центар.  Вредноста на проектот изнесува 740 000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи