Сообраќајна несреќа во Прилеп – интервенирале пожарникари да ги извлечат повредените лица

Околу 13 часот во ТППЕ Прилеп е примена пријава за техничка интервенција вадење на заглавени лица при сообраќајна на едно ПМВ и едно ТМВ.

Незгодата се случила на улица Карпалак во близина на силосите.

Повредените лица успешно се извадени од едното возило и предадени на брза помош за понатамошна постапка.

„ТППЕ интервенираше со едно возило и четворица пожарникари. Покрај многуте пожари на отворен простор во изминатиот период во служба на граѓаните, интервенираме и на други интервенции за настанат пожар, технички интервенции и слично“, велат од ТППЕ Прилеп.

>

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи