ВИДЕО – Со посна трпеза, многу обичаи и голема дружба, членките на „Преродба“ го одбележаа Тримир


Третиот ден од велигденските пости кај народот e познат уште и како Тримир, а некои го викаат и женски празник. Традиционално како и секоја година Здружението на жени „Преродба“ од Прилеп го одбележа овој ден во своите простории со посна трпеза подготвена од македонски традиционални рецепти, зелници, мазници, грав, посна сарма, кравајчиња, баклава и друго. Според православната традиција, на почетокот на велигденските пости, оние христијани кои држат Тримир ниту јадат, ниту пијат од понеделник до среда, во средата одат на литургија каде се причестуваат, а потоа за прв пат после три дена конзумираат храна и вода. Денес малку мина го практикуваат тоа. Жените денес повеќе се собираат на Тримир кога одат да ја посетат мајката на младата невеста.

„Овој празник го ословуваат како женски гости. Бидејќи само женските присуствуваат. Тие носат храна како подарок на жената која држела тримир, како боза, портокали, локум, алва и други посебни работи“, рече Марија Ѓорѓиоска, членка на Здружение „Преродба“.

 

„На овој празник мајката на невестата ги кани сватовите, посебно сваќата, па кумата, деверицата и нејзини роднини од потесното семејство, за да одат на тримир кај мајката на невестата“, додаде Лилјана Ѓорѓиоска, претседателка на Здружение „Преродба“.

Велат дека овие почитувања на традицијата се онаа нишка што нас како народ не поврзувала со векови и како Здружение се горди што истата ја пренесуваат на нивните ќерки и синови. Токму поради овие нивни напори и плодната соработка што ја имаат цели 17 години со Здружението „Прилепски Мечкари“, кои пред 3 дена го организираа Карневалот Прочка, тие добија и симболична награда медал.

„Бидејќи тоа е едно од повредните, а можеби и највредно здружение во Прилеп. Кое се задржа на одржување на традицијата на сите прилепски обичаи. Морам да нагласам дека „Преродба“ пречекала голем број на делегации од светот и Европа. Нивни гостин беше и претседателот на карневалските градови на Европа, г-динот Крон“, вели Ванчо Ѓорѓиев, претседател на Здружение „Прилепски Мечкари“.

Од „Преродба“ рекоа дека ио понатаму ова здружение кое брои 80-тина членови, и понатаму ќе ја негува и ќе се бори за зачувувавање на нашата традиција, култура и обичаи и историја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи