Денеска (08.03.2023) околу 04.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Цане Илиоски“ настанал пожар во патнички возила „сеат кордоба“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Љ.З.(68) од Прилеп и патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на К.З.(45) од Прилеп.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
163