Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања – да ни помогне кога беше најдобро, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод презентацијата на грантот од ЕУ за земјава, вреден 80 милиони евра.
Како што напомена Ковачевски, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.
„Го потишавме договорот Фронтекс и претседателката на Европската комисија Урсула Фондерлајен најави грант од 80 миолиони евра. Овие средства се веќе достапни и ќе се користат како дел од пакетот антикризни мерки вредни над 760 милиони евра. Според Светска банка, ова е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во посебна програма се предвидени 225 милиони евра за справување со енергетската криза“, рече Ковачевски и дополни дека Владата во соработка со сите инстутуции и ЕУ спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми домашното производство на струја, обезбеди стабилна цена и стабилизација на инфлацијата која три месеци по ред паѓа.
Пред пристуните се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир. Според него, овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува ветувањата, дека солидарноста меѓу земјите членки, сегашни и идни, е фундаментална и опиплива вредност.