ВИДЕО – Граѓаните на Прилеп ќе одлучуваат како да се потрошат околу 50.000 долари преку Форумот на заедници


Граѓаните на Прилеп ќе одлучуваат како да се потрошат околу 50.000 долари, кои се донација од Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа и УНДП, преку Форумот на заедници во рамките на втората сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети“. Во наредните 2 месеци ќе се предлагаат идеи за тоа кои се приоритетите кои во овој момент му се неопходни на градот, а до крајот на годината треба целосно да се спроведе овој проект. Општината ќе кофинансира со 20% од средствата кои ќе бидат потребни за проектите.

На четвртата сесија ќе се направи избор, каде граѓаните ќе изберат кој проект сакаат тие да се спроведе во рамки на грантовата шема која е дадена од донаторот. Општина Прилеп во наредниот период ќе го спроведе проектот, за на крајот на годината ќе направиме една петта последователно промотивна сесија каде ќе ги кажеме резултатите што се направило и дали е успешен проектот“, истакна Владимир Величковски, модератрор на проектот.

 

Целта на ваквото презентирање е граѓаните се разбира со нивните идеи на кој проект приоритет би му дале, кој што локалната самоуправа се разбира дека со задоволство влезе во овој ентузијазам да се реализира, со цел за поквалитетен живот во нашата општина“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Според претседателот на Советот на Општина Прилеп ова било само пилот програма, за тоа што граѓаните размислуваат како да се трошат јавните средства. Но ќе следела и измена на статутот на Општина Прилеп дека во иднина граѓаните ќе може да одлучуваат околу трошењето на народните пари.

Воведување на демократијата се подлабоко во порите на општеството, да не биде едноумие, да не биде една одбрана група на граѓани да одбираат што се приоритети за граѓаните на општина Прилеп. Еве токму на овој настан ги прашуваме нашите сограѓани што треба во иднина да се прави, односно што се приоритети и како овие средства донација од УНДП да се потрошат во општина Прилеп“, кажа Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 Вклучувањето на граѓаните во процесот на одлучување само придонесува кон зголемување на транспарентноста и кон поголема соработка и граѓанско учество во општините, како и јакнење на капацитетите на сите вклучени страни кои се залагаат за подобрување на животот на луѓето во заедницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи