84 години од раѓањето на прилепчанецот Коста Смилески, еден од најпознатите виртуози на флејта во бившите ЈУ простори


Коста Смилески е роден на 11.03.1939 година во Прилеп, во сиромашно семејство чиј татко Димитрија бил прекрасен чесен човек, занаетчија-кондураџија, а повремено се занимавал и со музика свирејки на прекрасниот нежен инструмент флејта. Како мало дете Коста гледајки и слушајки го својот татко кај него се создава голема желба и тој да почне уште на пет годишна возраст да свири на тој инструмент кој што подоцна го води во неговиот животен пат педесет и пет години.

Се запишува на нижото музичко училиште „Ордан Михалоски-Оцка“ во Прилеп, отсек флејта и успешно го завршува. На тринаесет годишна возраст при случајна средба со Академскиот музичар Властимир Николоски, кој кај Коста Смилески го открива неговиот талент и наклоност кон музиката, му предлага да замине во Скопје да продолжи да се школува во средното музичко училиште во Скопје. Истовремено додека учи во Скопје Коста Смилески свири и помага во Скопската oпepa, Филхармонијата и во повеќето културно уметнички друштва меѓу кои се: „Танец“, „Орце Николов“, „Гоце Делчев“, „Коста Абрашевиќ“, „Кочо Рацин“ и други.

 

 

Се запишува и на Музичката Академија во Скопје и успешно ја завршува во осумдесеттите години. По завршувањето на академијата живееше на релација Скопје-Прилеп и активно учествуваше во К.У.Д. „Мирче Ацев“ и К.У.Д. „Моминок“ од Прилеп и исто така треба да се напомене дека е еден од основачите и иницијаторите на Долненскиот Фестивал.

Од 1962 година е вработен во Македонската Радио и Телевизија во реномираниот Народен Оркестар како флејтист.

Во 1970 година формира семејство со Маргарита Смилеска од чиј брак подоцна се раѓаат двата сина Димитар и Васко.Трагедијата која што го снајде смејството Смилески со поголемиот син Димитар во 1984 година многу го погоди, но сепак тој никогаш не го остави својот животен другар флејтата.

Коста Смилески беше добар сопруг, татко и човек, вљубеник во својот инструмент флејта, која во секој момент трепереше како лист во неговите раце. Животниот и творечки лик на Коста Смилески згаснува по кратко боледување на 24.11.1995 година во Прилеп, зад себе оставајќи го своето семејство во незавидна состојба.

Но сепак тој како академски музичар и уметник никогаш неможе да умре бидејќи зад себе остави непроценливо богатсво и огромен опус на неговото музичко творештво. Музиката на неговите песни и opa секој ден се слуша на сите радио и телевизиски станици во Македонија. Неговото семејство и градот Прилеп треба да се горди што го имале како човек и академски музичар кој целиот свој животен пат од половина век ја ширеше и презентираше Македонската народна изворна песна и opo патувајки низ Европа и Америка со повеќе културно уметнички друштва од Скопје и Прилеп.

 

\

Работеше во Македонската опера, Македонската филхармонија а најмногу во Македонската радио и телевизија во реномаираниот народен оркестар како инструменталист и солист на флејта, автор, аранжер, и мелограф на безброј народни и изворни opa и песни.

Коста Смилески е автор, аранжер и мелограф на познатите ора: „Зајачко opo“, „Прилепско opo“ и други, а исто така е автор, аранжер и мелограф со свој оркестар и на познатите песни што ги исполнуваше Јонче Христоски: „Свирете ми чалгии“, „Сардисал аскер Делчевата чета“, „Грмеле топови“ и „Не сакам лажна среќа“.

Работата на Коста Смилески беше трасирана со неговата флејта почнувајќи со сите песни на Мирвет Беловска, Нада Макеларска, Јованка Иваноска, сестрите Мавровски, Кирил Манчевски, доајените Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Анка Гиева, Петранка Костадинова, Јован Брмбески, Гога Зафироски, Вања Лазарова, Виолета Томовска, Диме Попоски, Симеон Гугуловски, дуетот Томовска-Манчевски, Костадинка Палазова, Ансамблот на Есма и Стево Теодосиевски, дуетот Томовска-Бадев, Наум Бурназ, дуетот Грозда Сојановска и Борче Крстевски, Виданка Георгиевска, Драган Михајловски, Цветанка Ласкова, Муарем Сербезовски, Никола Кармзов, Мирко Митревски, Блага Петреска, дуетот Селимова-Желчески, Нина Спирова, и други. Свое учество и посебен придонес има дадено во ората и песните на Наско Цорелов, Кочо Петровски и Тале Огненовски.

 

 

 

 

Коста Смилески има свирено и во октетот „Македонија“, групите „Лира“ и „Сирма“. Коста Смилески до последните мигови беше и остана вљубен во македонската народна музика. Неговата способност за нотирање го исфрли како еден од најдобрите мелографи кој има мелографирано над 300 opa и голем број на македонски народни изворни песни (некои од нив се наоѓаат во архивата на доајенот на виолина Ѓорѓи Димчевски).

Научниот oпyc на работа благодарение на неговиот исклучително надарен талент не може никогаш до крај да се презентира зато што е преголем и пребогат со македонските филиграни.

Свиреше на сите погранични средби, на Охридско лето и секаде каде што требаше и каде што беше повикан. Снимаше за „Југотон“ -Загреб и Дискографската кука РТБ-Белград. Освен на флејта свиреше и на повеќе инструменти: клавир, хармоника, кавал, ударни инструменти,г итара, прим, труба и друго.

 

Добитник е на повеќе благодарници и признанија меѓу кои се: Признание од Претседателсвото на Културно-Просветната заедница на Скопје за посебен придонес во остварувањето и унапредувањето на културно-уметничките самодејности во 1975 година, исто така му е доделна постхумна 3-то Ноемвриска Награда на Град Прилеп во 2009 година, како и други награди и благодарници од областа на музиката.

 

Коста Смилески засекогаш ќе остане врежан во сеќавањето на прилепчани како ведар, насмеан, духовит во вистинска смисла на зборот. Беше семеен човек го почитуваше своето семејство колку што ја сакаше и неговата волшебна флејта.

Спрема сето претходно наведено тој покажа и докажа дека уметникот никогаш не умира, тој е вечен и секогаш останува во трајно сеќавање на сите што го почитуваат како Прилепчанец со неговиот богат културно уметнички живот. Коста Смилески даде голем придонес гласот на неговата флејта треперливо да се слушне во далечната Австралија кога беше во посета нашиот покоен претседател Борис Трајкоски.

Убаво би било да се спомене дека Коста Смилески го работеше повеќе години, почнувајки од 1970 година па и потоа, проектот „Сите на Oпepa и балет“. Овој проект се состоеше во тоа што сите ученици од сите основни и средни училишта во Прилеп ретроактивно беа однесени во Скопје со автобуси да ја посетат Македонската oпepa и балет и воедно  да гледаат по една претстава на оваа реномирана Македонска куќа. Проектот беше со задоволство прифатен од сите тогашни ученици и професори.

Коста Смилески е вистински пример за тоа дека животот е краток, но делата на човекот живееат вечно.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи