Еко акција „Пролетно чистење на домовите и дворовите“

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп,  по повод  21 март Денот на пролетта, организира акција за чистење и за собирање на отпад кој не може да се подигне со редовната линија за собирање на комунален отпад.

За таа цел на 12 пунктови низ градов ќе бидат поставени контејнери од 5 метри кубни, во кои граѓаните ќе имаат можност да одложуваат отпад кој не може да се подигне со редовната линија за подигање на комунален отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени на 20 и 21 март, 2023 година (понеделник и вторник)

Граѓаните да ја искористат можноста и да се ослободат од различни видови на отпад како непотребни предмети, покуќнина и др.

ЛОКАЦИИ КАДЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ од 5м3:

  1. Населба Варош – кај амфитеатарот од спротивната страна на контејнерите
  2. Населба Точила 2 – паркинг кај пазарчето – пункт контејнери
  3. Населба Тризла – кај џамијата , слободен простор дрвосечачи
  4. Типска населба и згради кај поранешна зоолошка – покрај Дабнички канал
  5. Населба Рид – ул,, 5- та Прилепска’’ – на крајот од улицата
  6. Населба Рид – од спротивната страна на паркот кај  Шиткачот
  7. Населба Тапани- слободен простор пред паркот
  8. Населба Димо Наредникот – паркинг пред спортско игралиште
  9. Ул,, Александар Македонски’’, паркинг пред  фабрика 11 Октомври.
  10. Населба Жабино мааало – слободен простор, одспротива на паркот.
  11. Населба Бончејца – слободен простор помеѓу зградите
  12. Центар – слободен неурбанизиран дел наспроти Палма шоп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи