Македонците се најнесреќен народ во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print

Според Светскиот извештај за среќа, кој секоја година го составуваат научници во Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на институтот Галуп, Македонија е на 87 место веднаш зад Конго и Јужна Африка, што воедно ја прави најнесреќна држава во регионот.

Финска шеста година по ред е прогласена за земја со најсреќно население, а веднаш по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Од земјите од регинот, Словенија е најсреќна на 22 место, Италија е 33,  Хрватска е на 48 место, Црна Гора е 67 во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.

Од соседните земји, Бугарија е на 77 место,  Албанија на 83 место, Косово е 34 место,  Србија 45, а Грција  58 на листата.

На дното на скалата се главно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи