Поскапува вадењето нови лични документи пред задолжителната промена

Изработката, односно замена на личните документи од страна на граѓаните ќе поскапи, откако Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи што во наредниот период треба да стапи во сила откако ќе се објави во Службен весник.

„Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, кое се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн.“, информираат од МВР.

Па така со новите цени за пасош ќе плаќаме 500 денари поскапо и ќе изнесува 2000 денари. Цената за пасошите за млади до 27 години ќе остане како и сегашната – 1500 денари. За лична карта ќе плаќаме 120 денари повеќе или 310 денари, додека за возачка дозвола 410 денари.

За вадење на пасош по брза постапка ќе се плаќа 1600 денари повеќе или 6100 денари, додека за возачка дозвола 1230 денари.

Инаку македонските граѓани имаат рок до февруари следната година за промена на сите лични документите, каде треба да биде впишано новото име на државата што произлезе со Преспанскиот договор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи