ВИДЕО – Обновата на домот „Дервен“ – предизборно ветување на сите власти, кое никогаш не се оствари


Изградбата и обновата на планинарскиот дом „Дервен“ кај Прилеп кој изгоре во 1997 година од тогаш па се до денес е предизборно ветување на сите централни и локални власти, ама никој не направил ништо за тоа. Веднаш по изборите како и за многу работи го забораат и ова ветување. Домот кој тогаш бил во сопственост на ПСЗ „Козјак“, денес е оставен на забот на времето. Кога се изградил во 50-тите години не бил официјално префрлен на Друштвото и сега по пожарот се води како имот на државата. Прилепските планинари над 2 децении се обидуваат да си го вратат назад, но од Министертството за транспорт и врски од нејасни причини не им го даваат, ниту пак државата го користи за нешто друго. Спорот сега е пред Вишиот Управен суд. Планинарите се крајно револтирани.

Не да е жално, катастрофално е бидејќи домот го гледаме каков е, во ситуација е еден ден сигурно да падне тука. Е сега државата не наоѓа решение, или не сака, или нешто друго има предвидено тука, не знам што да кажам, сите различно ни ја толкуваат сопственоста на државата, а државата…“, истакна Стеван Сарваноски, претседател на ПСЗ „Козјак“.

 

Оваа наша Општина и држава секогаш имаат поставено кадри на места што не им одговараат, само да се биде таму, не соработуваат, не прашуваат, едноставно на погрешни места се. Луѓе на погрешни места и затоа ни оди така и државата и општината“, додаде Ристо Димески, планинарски клуб „Картуш“ – Прилеп.

Ова е единствениот планинарски дом во прилепско изграден според одредени стандарди. Долу со ресторан, а во горниот спарт со соби за 60-тина лица. Од тука стартуваат 10-тина планинарски патеки. Иако бројот на млади планинари и планинарски друштва во Прилеп постојано се зголемува, ова место пропаѓа без причина.

Плус тоа околината на овој објект може да служи за кампување, да се направи место каде средношколците ќе кампуваат, да дојдат, да осетат од оваа природа, може да се направат терени за припрема на спортистите, значи има премногу варијанти, премногу убавини, но за жал досега едно камче се нема преместено. Имаме многу млади спортисти, планинари што движат и треба да им се излезе во пресрет да ја продолжат оваа традиција, затоа што Прилеп отсекогаш бил спортски, но и планинарски град“, вели Ристо Димески, планинарски клуб „Картуш“ – Прилеп.

 

Како би се оспособил овој дел овде да биде туристичка мека, туристичка атракција и за Македонија и за Прилеп овде, бидејќи езерото ни е блиску, Јасеново ни е блиску, Прилеп е блиску, Мукос е блиску тука каде првите епопеи од НОБ се одвивале“, потенцираше Стеван Сарваноски, претседател на ПСЗ „Козјак“.

Дали наместо напредок и развој ќе имаме стагнација без некоја причина и како и за многу работи досега државата ќе остане глува и за овие молби и барања да се обнови ова место, останува да покаже времето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи