Согласно одлуката на Уставниот суд за зголемување на платата за носители на јавни функции, сакам да истакнам дека доколку дојде до покачување на мојата плата, износот ќе го донирам во хуманитарни цели, за социјално загрозени семејства од нашата општина и секаде онаму каде што има потреба од помош, вели во соопштението градоначалникот на Прилеп, Борче Јопвчески.
„Дефинитивно оваа економска и енергетска криза, верувам дека има негативно влијание кон сите наши сограѓани и дополнително ја отежнува економската ситуација во секое семејство.
Како градоначалник на општина Прилеп јас секогаш настојувам да бидам прв помеѓу еднаквите, затоа уште еднаш истакнувам дека доколку се реализира одлуката за зголемување на платата за носители на јавни функции, зголемениот износ на мојата плата јас ќе го донирам за семејствата со ниски примања и ранливите категории на граѓани“, истакна Јовчески.
135