Во неделата се одржаа спаринг борби во боксерскиот клуб „АС“. На овие спаринг борби беа одбрани најдобрите боксери во потешките категории од тимот на Чатлески, а планот е во јуни да пропливаат во професионалните боксерски води на профи бокс спектаклот што е во план да се одржи во Прилеп.
„Спарингот беше организиран со судии и мерач на време на гонг. На овој испит боксерите се покажааа во добра кондициона, техничка и тактичка спремност. Од страната на Про Бокс Македонија увидовме дека боксерите се спремни за почеток во професионалниот четириаголник. На Илчо Костовски, Матеј Чатлески и Стево Илиќ им посакуваме успешна кариера“, вели тренерот Дарко Чатлески.
106