Снежана Ѓореска од Прилеп е еден од ретките ракотворци кај нас кои се занимаваат со производство на плетени играчки за деца. Започнала со ова хоби пред околку 12 години. Таа е самоук изработувач на овие креации. Шемите и начините на изработка ги научлила од интернет. Техниката на плетење на овие игралчки е јапонска и се вика амигроми техника.
„Се плети спирално во круг и се плетат посебно раце, нозе, тело, па потоа се составуваат или во плетење или со шиење. Полнењето е од силиконско полнење што се употребува за перниците, сигурно за децата. Конецот е 100% памучен конец и плишан конец, така да сите се безбедни. Очите се безбедни, со штравче се става за да не може да го исчепка, да го истрга детето.
Значи се безбедни за сите возрасти?
Да, безбедни се, гледаме да бидат безбедни за најмалите, да не може ништо да голтни, да се повреди, да нема предмет тврд“, вели Снежана Ѓореска, ракотворец.
Играчките ги пласира преку социјалните мрежи, нејзината страна на ФБ се вика Toys for all kids. Сите купувачи имале различни желби за тоа која играчка ја сакаат.
„Играчките по големина се вакви, помали, или имате и поголеми играчки?
Од тие поголеми ретко, бидејќи крева на цена ако е поголема, ако некој има желба може да се изработи и поголема. Има помали, средни, поголеми, зависи од моделот.
Моментално децата кои играчки најмногу ги бараат, кои ликови ги сакаат?
Ги бараат од цртани филмови најмногу.
Една ваква играчка колку време треба да се направи?
Па поголемите играчки треба неколку дена, од 5 па повеќе, зависи колку детали има на него. Помалите може некои во еден ден, некои 2 до 3 дена“, додаде Ѓореска.
Ѓореска по струка е хемиски техничар аналитичар, но никогаш не започнала да работи со тоа. Нешто што може да се поврзе со нејзината струка се вториот вид на креации кои ги изработува, а тоа се домашни природни сапуни од разни етерични масла.
„Освен овие играчки, нешто што може да се поврзе со вашата струка се и овие сапуни?
Природните сапуни за лице и тело и сапун повеќенаменски, кој може да се употреби за перење и миење раце, а многу е баран и за миење на коса за првут.
Останатите сапуни?
Останатите сапуни се за лице и тело, има наменети за кожа што имаат проблеми со псоријаза, егзема, од жалфија и невеновиот сапун. Овој сапун е за акни и за мрсна кожа. Сапуните се произведуваат од квалитетни масла во составот, маслиново масло, кокосово, рицинусово, палмино и етерични масла. Обично го ставам маслото од лаванда, бидејќи нема покажано енергија на лаванда и е најбезбедно. Безбедни и испитани ми се сапуните во Заводот за јавно здравје“, кажа Ѓореска.
Еколошките восочни обвивки како замена за пластилните фолии за завиткување на храна, се исто така уште една од интересните ракотворби на Ѓореска.
„Еве пример за покривање на сад со храна, остаток од храна. Не се расипува, останува свежо, за завиткување на сендвичи, на децата може слободно да му се завиткаат сендвичи.
Значи храната останува свежа?
Да, свежа повеќе денови. Изработени се од 100% памучен материјал, со 2 врсти восок, пчелен и дамар смола и се за повеќекратна употреба. Се мијат со ладна вода, да се исуши и повторно може да се употребува.
Значи во замена за пластични фолии?
Во замена за фолиите пластични, да ги исфрлиме од употреба, да ја заштитиме околината и да употребуваме нешто здраво и еколошко“, истакна Ѓореска.
Ѓореска вели дека нема да престане тука со своите иновативни креации и ракотворби. И понатаму ќе продолжи да истражува нови методи и техники кои ќе бидат нејзините следни предизвици што ќе ги реализира. Вели се може да се постигне ако човек сака и доволно се труди.