ВИДЕО – „Велигденски Кули“ во М. Брод – најуникатниот обичај за вториот ден на Велигден во Македонија


Македонски Брод ги има двата најинтересни и најуникатни обичаи во Македонија за одбележувањето на вториот ден на Велигден. Едниот е наречен „Покрсти“, кој што е црковен обичај, а другиот „Велигденски Кули“ или народен обичај. Овој ден започнува со обичајот „Покрсти“ кога се прави Литија од голем број граѓани кои одат на 4 страни околу градот и во специјално одбрани дабови дрва прават крст. На средината од него со сврдел со отвора дупка каде свештеникот става леб и вино и потоа истата се запечатува.

На 4 одредени дабови прават крст, а потоа во крстот се прави дупка каде што ставаме леб и вино, што го ги симболизира телото и крвта Христови, а потоа тој крст се запечатува. Како што Христос воскреснал од гробот, така и ние даваме симболика на овој настан“, рече Отец Саше Костадиноски, архиерејски намесник на Македонски Брод.

Потоа во дворот на градската црква Пресвета Богородица се одржува Велигденска средба со гости од цела Македонија кои доаѓаат тука специјално да го гледат уникатниот обичај „Кули“. „Кули“ кои се составени од 2 реда од 5 луѓе во ред тргнуваат од пред црквата и се движат до т.н. „Средсело“ или цетарот на стариот Брод.

Чувството е одлично, малку сме уморни сега ние долу што бевме.

По кој пат учествувате?

Откако е почнато, можеби 30-40 години. Како помлад бев горе качен, сега малку постар и подебел долу сум“, кажа Роберт Маркоски, учесник во манифестацијата „Велигденски Кули“.

 

Чувството беше интересно многу, на почетокот имав малку трема, се плашев, но потоа беше многу поубаво
По кој пат учествуваш?

Прв пат“, додаде Цветанчо Радески, учесник во манифестацијата „Велигденски Кули“.

Додека се движат учесниците пеат македонски песни.

Заморно, но издржавме машки.

Колку младите ја почитуваат оваа традиција тука?

Па еве сами гледате, 80% се млади луѓе“, истакна Драгиша Богатиноски, учесник во манифестацијата „Велигденски Кули“.

 

„Јас сум еден од најстарите во носењево на Кулите, супер е, ова е традиција која не може да се заборави“, додаде Пецо Мојсоски, учесник во манифестацијата „Велигденски Кули“.

Кулите инаку го симболизираат османлиското 5 вековно ропство. Инаку според преданието славењето на Велигден со пари било откупен од султанот за да може жителите на Брод да го слават. Но извесен Асан бег кој бил надлежен за овој реон, сепак не им го дал првиот туку да го слават само вториот ден од празникот. Кулите се симбол за македонскиот непокор.

Меѓутоа итрото православно население од Македонски Брод решило и се договориле да ги направат велигденските кули во симболиката на надмоќноста, на итрината, каде што првиот ред ги симболизира Османлиите, додека вториот ред е непокорното православно македонско население од Македонски Брод. Тие високо се издигнуваат над рамената на Османлиите и така таа симболика кај нив во срцата, во душата трае до ден денес каде кулите се еден вид непокор за македонштината и за православието“, изјави Милена Стојческа, етнолог и директорка на Домот за култура во Македонски Брод.

 

За овие обичаи можам да ви кажам дека не се прекинати никогаш, од кога се почнати ни сам не знам, меѓутоа секоја година се одржуваат. По една, две, по две кули не било никогаш, по 5 – 6 кули се прават, по помлади и повозрасни, така што од сите возрасти прават по една кула. Чувството е големо, посебно во младите години, не значи дека не е убаво во постари години, меѓутоа обично кога се оформуваат дечките сакаат да носат кули и се гордеат со тоа. Тоа е едно созревање на машкост, оформување на личност“, потенцираше Зоран Силјаноски, поранешен учесник во манифестацијата „Велигденски Кули“.

Чествувањето на празникот потоа продолжува со македонски песни и ора околу црквата во Брод.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи