Крушево доби ново мултифункционално комунално возило

Денес во Крушево се изврши примопредавање на мултифункционално комунално возило (камион со плуг за чистење снег и распрскувач на песок и сол), како инвестиција од страна на Министерството за локална самоуправа, БРР и Центарот за развој на Пелагониски плански развој, со што се овозможува јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги.

Станува збор за возило компатибилно согласно теренската конфигурација на општината, за да може да се реализира брзо и навремено зимско одржување.

„Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на Општина Крушево за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови, бидејќи успешна зимска сезона значи и редовно одржување на улиците и обезбедување проодност.

Во иднина чистењето на снег во сите населени места ќе се врши веднаш. Со тоа се става крај на сите поплаки на граѓаните за ненавремено исчистени улици или за наноси од снег на патиштата.

Продолжуваме со силна посветеност со цел нашите граѓани и сите учесници во сообраќајот да добијат подобри услови за патување низ општина Крушево.

Инвестираме во јавното претпријатие и продолжуваме со негово опремување.

Општина Крушево ќе биде позитивен пример за превземање на конкретни и решителни чекори, со цел да постигнат уште подобри резултати во сегментот на зимското одржување“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи