ВИДЕО – Николоски: Просечната цена на тутунот изнесува 370 ден. со збир на откупната цена и субвенциите


Во тек на вчерашниот ден со едно решение, во еден ден беа исплатени 26 милиони евра субвенции за тутун од реколтата 2022 година кон околу 16.000 производители на тутун, изјави денеска во Прилеп, министерот за земјоделство, Љупчо Николоски.

„Дадениот збор пред тутунарите го исполнивме, ветивме дека до крајот на месец април ќе биде реализирана оваа голема исплата и еве денес тутунарите своите заслужени средства ги имаат на своите сметки, 2 месеци пред законскиот рок за исплата на субвенциите за оваа година. Тутунот е важна култура за државата, но и култура која е тешка за производство. Целокупниот процес е тежок и во него учествуваат од најмалиот до највозрасниот член на семејството, затоа е важно да се почитува и реално да се вреднува трудот на тутунарите.

Како Министерство маката на тутунарите ја почитуваме, ја вреднуваме и токму затоа тутунарите своите субвенции ги добија на време, во април, нешто што ретко се случува. Минатата година испишавме историја, и по цена и по количина и по период на откуп, еве и по исплата на субвенциите.

Имавме година со добар квалитет на тутунот, што допринесе дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што преставува уште еден историски успех за производителите. За прв пат тутунот достигна и рекордна цена од 290 денари по килограм како просечна откупна цена, што е за зголемување за 44% во споредба од реколтата 2021, а да не зборуваме за 2014, 2006 и многу други години.

Ако на оваа цена се додадат и субвенциите по новиот модел на субвенционирање, каде за прва класа субвенциите се зголемија за 80 денари по килограм, доаѓаме до вкупна просечна цена од 370 денари по килограм тутун, што досега не се случило“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи