ВИДЕО – Ќе се одбележат 80 години од смртта на прилепчанецот Али Фети Окјар, десната рака на Ататурк


Во понеделник во Градската библиотека во Прилчеп ќе се одржи пригодна свеченост на која ќе бидат одбележани 80 години од смртта на прилепчанецот Али Фети Окјар, турски војник, политичар, дипломат, десна рака на турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк. Али Фетхи Окјар е роден во Прилеп на 29.04.1880 година во Прилеп, а починал на 07.05.1943 година. Тој во својата кариера бил два пати премиер на Турција, претседател на турското собрание, 5 мандати пратеник во истиот парламент, министер за внатрешни работи, министер за правда, а  бил и амбасадор на Република Турција во Бугарија, Франција и Англија. Практично Окјар е човекот кој бил десна рака на таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк и еден од луѓето во кого тој имал најголема доверба.

Целиот свој живот во суштина е еден од првите соработници на Ататурк и цело време во својот живот тие се поддржуваат еден со друг и напоредно низ разно разните активности и позиции двајцата се најважните личности за создавањето на турската република. Што се однесува до самиот проект, бидејќи на 7 мај е починат Али Фетхи, тој во својата биографија, која е мошне обемна бил 5 пати пратеник во турскиот парламент. Зборуваме и за периодот до создавањето на Републиката, османскиот период и во периодот на националното Собрание на Република Турција, значи од 1923 година, 29 октомври е прогласена турција за република. Така да и во претходниот период и во наредниот период од создавањето на турската република е важна фигура во политичкиот живот на Турција. Пет пати е пратеник во Собранието, 3 пати е министер за безбедност, министер за внатрешни работи и министер за правда, 2 пати е премиер на Турција и во времето кога Ататурк станува претседател на републиката, а претходно бил претседател на националното Собрание, на негово место доаѓа Али Фетхи Окјар, значи од 1923 година е претседател на националното Собрание на Турција. Самите овие неколку податоци зборуваат за каква личност станува збор, личност која во голема мера му помага на Ататурк, Ататурк бил малку поимпулсивен, поратоборен, додека Али Фетхи, самото име Окјар значи стреловите мисла, му ја дал Ататурк. Значи тој го знаел во суштина каков карактер бил, стреловита мисла бидејќи брзо реагирал, брзо мислел, едноставно во 1934 година Турција носи закон за имиња и презимиња, но тогаш на голем дел од личностите го додаваат третото име. На овој настан во Градската библиотека ќе бидат присутни и амбасадорот на Турција во Македонија и конзулот на Македонија во Турција, секако можеби една од личностите поради која ќе има тежина овој настан е и присуството на младиот Али Фетхи Окјар, значи внукот од син, директен потомок кој на нашата покана радо се одзва“, истакна Рубинчо Белчески, историчар во Завод и музеј Прилеп, како и раководител на целиот овој проект.

По сугестија на Ататурк во 1930 формира своја партија за да го намали влијанието на опозицијата. И за брзо време постигнал поголема популарност од онаа на Ататурк. Токму  затоа сам ја укинал таа партија бидејќи можело да дојде до намалување на популарноста на Мустафа Кемал Ататурк. Токму поради овој значаен лик се предлага можеби и отворање на негова Спомен соба во Прилеп, по теркот на Спомен собата Ататурк во битолскиот музеј.

„Имаме увид дека можеме да покренеме иницијатива во согласност моментално со локалната самоуправа да најдеме дали спомен соба или име на улица, мислиме дека како институција треба да го покренеме тоа прашање во локалната самоуправа и со поддршка нормално од други институции на повидок да ги извадеме значењето на Али Фетхи Окјар со сите негови атрибути и функции кои ги обавувал во Република Турција. Со самото тоа, со самото отворање на спомен соба или именување на улица ние, како што напомена колегата Белчески одиме во уште поголем развој на културата со Република Турција, сите стопански субјекти, моментално имаме големи друштва, македонско-турски пријателства, македонско-турски стопански друштва, мислам дека ќе наидеме на интерес, ќе излеземе со еден реален проект“, истакна Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

Прокектот на истражување и собирање на потребната документација за Али Фети Окјар ќе трае до октомври кога ќе биде организирана и изложба со собраниот материјал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи