НУ Завод и Музеј – Прилеп оваа година започнa со проект под наслов „Мариовските народни носии – сега и овде“ за популаризација и заштита на културното наследство за деца и млади. Проектот опфаќа едукација на ученици од училишна возраст, со што преку кратко предавање се запознаат учениците со македонските народни носии преку визуелно / креативно учење, конкретно Мариовсата народна носија како посебна со своите специфики.
Во проектот се предвидени и вклучување на училишта, со презентација на мариовската народна носија и нејзините специфики на распознавање, со продолжување на едукативно-креативни часови работилница каде ќе се изработуваат хартиени кукли „ мариовки“ (претстава на женска мариовска носија) секое дете според своето креативно размислување.
Проектот е замислен да биде во три фази:
- Во првата фаза предавања (запознавање ) за учениците македонската народна носија по реони, со давање акцент на мариовската народна носија и нејзините специфики на распознавање. Кога и за кој поводи е користена, намена и начин на чување. Поделба (машка, женска,).
- Во втората фаза Изработка на хартиени носии од испечатени шаблони со сечење, боење и лепење, доцртување и прилепување на орнаментика, според својата креативност и имагинација.
- Во третата фаза Изложување на направените кеации од носии и доделување на благодарници за учество.
ЗАПОЧНАТИ АКТИВНОСТ
Во рамките на годишната програма на НУ Завод и Музеј-Прилеп одобрено од Министерство за култура почнавме со реализација на проектот “МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ – СЕГА И ОВДЕ” кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство за деца и млади.
Како најпрво почнавме со едукативни предавања на тема: Автентичноста на Мариовскара народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути. Почнавме со едукативни предавања во ООУ. “КОЧО РАЦИН” II и VII одделение. Предавањето го проследија ученици од II одд. со одделенскиот раководител Павлинче Велјановска и ученици од VII одд. под раководство на наставничката Габриела Стојановска Станоевска. и Соу„Ѓорче Петров“ Прилеп, Текстилно – кожарската струка/Техничар за изработка на облека , со учениците од I, II, III и IV година и наставничката Јулијана Поповска во соработка со НУ Завод и Музеј – Прилеп под менторство на Мр. Маја Ралева Миладиновски и етнолог Горан Василески каде започна да се реализира првата фаза од проектот, е следуват уште две средни училишта Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп.
Секако како за почеток на проектот нашите очекувања се во нагорна линија за предавањата кои следуваат во неколку средни училиша од Прилеп во текот на оваа недела и работилницата која ни претстои.