ВИДЕО – Извидништвото – одлична можност младите да се тргнат од телефоните, да се социјализираат и да ја засакаат природата


Во прилепското село Штавица по 5-ти пат се одржа извидничкиот настан „Фениксија“ во организација на извидчкиот одред „Феникс“ од овој град, каде учествуваа 150 млади од повеќе градови на Македонија. Пред се целта на овие настани е младите да излезат од своите домови, од пред компјутерите, да се социјализираат, да научат основи на топографија и ориентација, како да постават шатор или да запалат логорски оган. За да оваа програма стане атрактивна за младите таа често пати и се модернизира.

„Вклучуваме елементи за дигитализаицја, контролни точки коин треба да се пронајдат ги правиме дигитални, со скенирање на QR кодови, па имаат активности како да го искористат интернетот на правилен начин и на крајот секако учиме како да бидат безбедни на интернет“, истакна Ана Плетварец, началник, извиднички одред „Феникс“.

 

„Целта на извидништвото е да ја сакаме нашата природа, да ја чуваме како таква, да уживаме во неа, исто така да помагаме на заедницата во која живееме, да придонесуваме, да правиме добри дела насекаде. Преку извидништвото на младите сакаме да им доловиме дека може да излезат надвор, да уживаат во сите благодети на природата и да видат што се имаме ние подалеку од нивниот телефон, кажа Марија Мирческа, старешина на акција, извиднички одред „Феникс“.

Настанот трае 3 дена, а во текот на денешниот ден учесниците треба да изодат опреледелена патека низ природата, да пронајдат одреден број на контролни точки, а секоја од нив има едукативни содржини.

„На пример имаме тест по ошто извидништво, тест по општа култура, прва помош, да пронајдат минско поле, да врзуваат јазли, игри од забавен карактер и слично“, додаде Мирческа, старешина на акција, извиднички одред „Феникс“.

 Учесниците на овој настан велат дека најмногу ги сакаат дружбите на ваквите кампови и можноста да се во природа.

„Во извидништвото мене најинтересно ми е кога сме во кампови, со луѓе од повеќе градови, оформувам нови познанства и пресѕојувам во природа“, кажа Иван Илиев, член на извидничко-поречански одред „Галеб“.

 

„Се дружиме, играме“, Стефан Ѓорѓоски, извидник.

 

„Се шетаме, се забавуваме, спијаме во шатори, доста е интересно“, кажа Антониа Трајкоска, извидник.

 

„Овој камп ми е моето прво спиење во шатор, инаку имам поминатго уште еден камп претходно и е многу убаво“, рече Ненад Веселиноски, извидник.

 

„Има доста забава, кампуваме, се дружиме“, истакна Димитар Нешкоски, извидник.

Извидништвото во Македонија во моментов е во подем, има 24 извиднички одреди со над 2.500 извидници, во кои голем дел се деца на возраст од 7 до 16 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи