ВИДЕО – Изградбата на манастирот „Свети Ѓорѓи“ кај Прилеп доказ за итроштината на македонскиот народ


Секој манастир во прилепско си има своја уникатна приказна за неговото настанување, развој и функционирање низ вековите. Приказни кои се пренесувале од колено на колено, дел усно, дел пак запишани во стари документи. Иако еден од помладите манастири во прилепско и манастирот „Свети Ѓорѓија“ кој се наоѓа кај селото Присад, на стариот пат Прилеп-Велес, во близина на преминот Дервен си има своја навистина интересна приказна, преку која се гледа мудроста и итроштината на македонскиот народ, кога сакал да ги надитри властите под кои бил потчинет.

Манастирот бил разрушен во 1832 година, од некои двајца паши, но нема податок кога тој бил изграден. Од тој стар манастир има останато само еден голем камен крст кој е закопан на кривината под денешниот манастир. На местото на срушеното светилиште не останало ништо, освен еден гроб, меѓутоа не се знае чиј бил тој. На тоа место се наоѓа денешната црква, а стариот манастир исто така бил посветен на Св. Ѓорѓија. Во 1936 година на Весела Спуренкоска од селото Присад и доаѓа на сон да изгради црквиче на истото место кај гробот и така започнува изградбата на денешниот манастир.

Во 1936 година почнуваат соништата на Весела, мажена кај Спуренковци дека треба да се изгради манастир за црковни обреди. 1937 година е осветен дрвен параклис, се остава така параклисот и во 1943 година повторно иди Свети Ѓорѓија да мора да се изгради од камен изградена црква и првите икони каде што се поставени е обична соба, но почнало нешто да се гради во самиот манастир. Во 1945 година има и спомен плоча од соби од село Стар Присад и во 1964 година на Св. Пантелејмон осветени се темелите на овдешната црква. Во самото градење учествувало многу народ од самото село Присад, така и други. За фрескоживописот во 1964 година учествувале исто така донатори и под секоја фреска си има од кого е донирана самата фреска, значи не само присаѓани, туку од целата околина.

Практично овој манастир се рачуна како црква на самото село Присад?

На самото село Присад, затоа што Св. Атанасиј во стариот дел на Присад му било подалеку да одат и тие барале да имаат црква во Нов Присад. Не му се дозволило затоа што имало малку домаќинства, но потоа успеале, оваа се смета како парохиска црква, во време на комунизмот не им се дозволувало, но некако се успеало да се направи, нешто да се почни да се гради за верски обреди.

Значи со некаков вид на итрина успеале да направат овој објект да биде и манастирска и парохиска црква во селото?

Како и секаде, нашиот народ морал некако да се снаоѓа да ги прави неговите верски овреди, да се снајдува“, вели Кире Василески, член на Управниот одбор на манастирот Свети Ѓорѓи.

Црквата била осветена во 1966 година од страна на тогашниот архиепископ  Г.Г. Доситеј и Епископот преспанско пелагониски Климент. Во меѓувреме Коца Босароска која доста помагала во манастирот била замонашена тука од страна на владиката Климент и и било дадено монашкото име Катерина, таа е назначена за игуманија на манастирот, а по нејзината смрт е погребана во самиот манастир.

Сега баш за Велигден беше нејзиното цело семејство, од Катарина и внуката и се викала Катарина и таа фреска тука од Света Катарина е донација од нивното семејство“, додаде Василески.

 Денес манастирот е од отворен тип и него годишно го посетуваат илјадници верници како од Прилеп, така и од другите делови на Македонија. Годишно има 4 слави, Свети 40 маченици, Свети Ѓорѓија – Ѓурѓовден, Свети Пантелејмон и Свети Ѓорѓија зимски. Исто така во текот на годината на 4 поголеми празници на Богородица се служат литургии кои ги организира рудникот Сивец.

Во манастирот можат да дојдат сите верници кои сакаат еден вид на викенд, одмор, располагаме со 7 соби со 28 легла во стариот дел и 25 легла во новиот дел. Значи манастирот располага со 3 трпезарии, 2 помали од по 30 до 50 гости и една голема трпезарија која собира до 350 гости и каде можат да се слават слави, крштевки, свадби. Најмногу доаѓаат гости од градот, тука си идат и преку викенд со спиење, но често имаме и гости од Велес. Имаме и планинари, војската иди некогаш, од другиве градови од Неготино од Скопје, велосипедџии, имаме народ од секаков тип кој се собира во самиот манастир“, изјави Василески.

Во кругот на манастирот има и еден интересен дел, односно место кое се вика Светитите води, води за кои народот верува дека се лековити и води од кои многу народ има видено голем благодат, а тоа се водите посветени на Света Недела, Свети Ѓорѓи и Свети Димитриј. Во околината на манастирот има уште два извори за кои народот верува дека имаат лековито дејство. Од Управата на манастирот Свети Ѓорѓи велат дека наредно во план им било партерно уредување на платото кај овие чешми, како и хортикултурно уредување на самиот двор на манастирот, со што ова место би станало уште поатрактивно за посетителите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи