Борачките на БК 7ми Мај од Прилеп, а воедно и репрезентативки на Р. Македонија учествуваа на Балканското првенство во борење слободен стил, кое се одржа во Серес Р. Грција од 04-07 мај и на најдобар можен начин му го честитаa патрониот празник на клубот.
„Македонијо, Прилепе радувајте се, нашата Ангела Трајкоска носи злато од Балканското првенство (кадети/ки) и еден бронзен медал(пионери/ки) и Елена Дејковска бронзен медал(кадети/ки), а Тамара Цветкоска го освои 4–то место“, велат од клубот БК 7ми Мај Златна Рака.