Со поминати преубави два дена, со испешачени преку 60 километри исполнети со добра дружба, смеа, но и со одредени тешки моменти поради замор успешно се реализира втората по ред Прилепска трансверзала.
На овој настан кој втора година по ред го организираат Прилепски Планинари Авантуристи учествуваа преку 50 планинари, а покрај од Прилеп имале гости планинари и од Куманово.
„Имавме идеално време за пешачење, втор ден со јако сонце, али како велат храбрите ги прати среќата па така и нас. Трансверзалата оваа година броеше 50 учесници во двата дена. Честитки до сите нив за успешно испешачените километри. Покрај прилепските планинари оваа година имавме гости и од Куманово. Најмлад трансверзалец беше Ведран Цветкоски со само 7 години, кој без проблем ги помина 25те км. од вториот ден.
Благодарност до поддржувачи на логистика Душко Димкоски и Александар Христоски. Голема благодарност до нашите спонзори и Општина Прилеп без кои немаше да биди успешна нашата транверзалата.
Благодарност и до Хемфри Димовски кој ни ја отстапи неговата вила на Плетвар за кампување.
Благодариме и на Инфо Компас кои сте секогаш тука со нас за промоција на нашите тури.
Ние како организатори, Владимир Јованоски и Пеце Илиоски со нашата група Прилепски Планинари Авантуристи ви се заблагодаруваме на сите што учествувавте и не поддржвте на нашата втора по ред трансверзала. Спортски поздрав и се гледаме наредна година“, велат организаторите.