Перканоска: Сообраќајната некултура секојдневно одзема животи, заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на Денот на културата во сообраќајот и секој нареден ден


По повод 11-ти Мај, Денот на културата во сообраќајот, Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната струка при СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп денеска во центарот на градот организираше настан со делење на флаери со едукативна содржина, за зголемување на сообраќајната култура.

„Превентивната активност би придонесла за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди, помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата. Сметаме дека секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени човечки животи. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување. Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден“,вели генералната менаџерка на „Aвто Контрол“, Даниела Перканоска.

Денот на сообраќајната култура денеска беше одбележан на еден поинаков начин, односно на сите возачи кои беа запрени од страна на полицијата не им беше дадена казна туку флаер и подарок.

 

 

 

 

Перканоска порачува да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да  изградиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе имаат водечко место.

Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да допринесеме за безбедно учество, во сообраќајот,на денот на културата во сообраќајот и секој нареден ден“, додава Перканоска.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи