Денес, на 12.05.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп на бул„Гоце Делчев“ во Прилеп го лишиле од слобода Д. Б.(40) од Прилеп. Истиот го нарушувал јавниот ред и мир со викање и користење вулгарни зборови, при што и физички го нападнал М. А.(28) од Прилеп.
Претходниот ден, на 11.05.2023 во ОВР Прилеп С. Л.(22) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот роднина Ф.П. од Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.
136